Анѓушев во посета на Вашингтон
Во Вашингтон, вицепремиерот ќе учествува на Трансатлантскиот економски форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, од денеска е во официјална посета на Соединетите Американски Држави. Во Вашингтон ќе учествува на Трансатлантскиот економски форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи.
За време на посетата, планирано е вицепремиерот да оствари средби и со претставници на Конгресот на САД, Стејт департментот, меѓународни финансиски организации, како и со претставници од организации на македонската дијаспора во САД.
