Дипломатија
Средба Димитров- Коѕијас во Брисел
13.11.2017 12:50
Средбата Димитров- Коѕијас во Брисел ја потврдија и македонското и грчкото МНР.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас денеска ќе имаат билатерална средба на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел.
Средбата Димитров- Коѕијас во Брисел ја потврдија и македонското и грчкото МНР. Се очекува да стане збор за продолжувањето на разговорите за решавање на прашањето околу името најавено за крајот на месецот, како и за мерките за градење доверба меѓу двете земји.
