Судењето за убиството на Алиу во завршна фаза
Адвокатите се сомневаат дека обвинителот ќе го прекфалификува делото, па така, наместо за убиство на свиреп начин, обвинетиот Бобан Илиќ би можел да одговара за полесно дело.

Судењето за убиството на четири годишниот Алмир Алиу влегува во завршна фаза. В среда одбраната и обвинителството во Судот во Куманово ќе го имаат завршниот збор.
Адвокатите се сомневаат дека обвинителот ќе го прекфалификува делото, па така, наместо за убиство на свиреп начин, обвинетиот Бобан Илиќ би можел да одговара за полесно дело.
Според Обвинителството, Алмир бил усмртен на 25-ти јуни минатата година, по банална расправија меѓу обвинетиот Илиќ и таткото на детето за ред во кумановската амбуланта.
Расправијата продолжила надвор од болницата, по што обвинетиот со својот автомобил удрил во детето кое една недела подоцна им подлегна на повредите.
