ДИК

Нема приговори за прегласувањето во Чаир

13.11.2017 13:18

Според ДИК, првиот рок истекува до утре во 19 часот, а вториот рок е до два часот по полноќ во среда.

По прегласувањето на вториот круг на едно избирачко место за градоначалник на Општина Чаир, како што информираа од Државната изборна комисија за МТВ, сѐ уште нема поднесено приговор од политичките партии за постапката за гласање и за утврдување и сумирање на резултатите.

Според ДИК, првиот рок истекува до утре во 19 часот, а вториот рок е до два часот по полноќ во среда.

Како што изјави портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска, доколку во овој рок не бидат поднесени приговори, тогаш Општинската изборна комисија може да ги прогласи резултатите за конечни и да му се издаде уверение на новиот градоначалник на Општина Чаир.