Владата го достави Предлог- буџетот за 2018-та до Собранието

13.11.2017 14:55

Се очекува расправата да почне неделава, како што најави во петокот претедателот на Собранието, Џафери.

Владата веќе го доставила Предлог- буџетот за 2018-та година до Собранието на Република Македонија. Се очекува расправата да почне неделава, како што најави во петокот претедателот на Собранието, Џафери. Тој рече дека ќе ја прекине расправата по Законот за употреба за јазиците, што продолжи денеска, и оти предност ќе му даде на Предлог- буџетот за 2018-та година.

Општ и амандмански претрес по Предлог- буџетот за 2018-та година најнапред води матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Претресот може да трае, според деловникот за работа на Собранието, најмногу 10 работни дена.