Кривичен суд ги прифати обвиненијата за „Тарифа“ и „Траекторија“

13.11.2017 14:27

Судските рочиштата за овие два случаја ќе бидат дополнително закажани, велат од СЈО.

Скопскиот Кривичен суд ги прифати обвиненијата за случаите „Тарифа“ и „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство. Судските рочиштата за овие два случаја ќе бидат дополнително закажани, велат од СЈО.

Во случајот „Тарифа“ опфатени се седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ, додека во „Траекторија“ се обвинети четири службени лица кои според СЈО, овозможиле еден конзорциум да го добие тендерот за автопатите Миладиновци- Штип и Кичево- Охрид.