Прекинато рочиштето за „Фени“, „Енекод“ побара изземање на Велешкиот суд

13.11.2017 15:01

Сега на потег е Врховниот суд кој што треба да реши кој суд ќе одлучува за судбината на „Фени“.

По барање на сопственикот на  бугарскатаа компанија „Енекод“ се прекина рочиштето за  кавадаречката компанија „Фени“ во Велешкиот суд. Од компанијата побараа изземање на Велешкиот суд.

Сега на потег е Врховниот суд кој што треба да реши кој суд ќе одлучува за судбината на „Фени“.

Барањето за отворање стечајна постапка за „Фени“ го поднесоа трите банки како најголеми доверители. Предложија да се најде инвеститор кој ќе може да ги преземе и да ги сервисира обврските на комбинатот кон вработените, банките и другите доверители, а со дополнително инвестирање да овозможи натамошно работење.

Сегашниот сопственик на „Фени“ има неисполнети обврски од 40 милиони евра кон трите банки, како и дополнителни 20 милиони евра кон други доверители.