ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе ја задолжи државата за милијарда евра

13.11.2017 15:16

Македонија во новата година ја чекаат нови рекордни задолжувања. Поточно СДС во 2018 година планира да ја задолжи Република Македонија за нови 854 милиони евра, 566 милиони евра на странскиот пазар и 288 милиони евра на домашниот пазар- велат од опозициската партија...

ВМРО- ДПМНЕ обвинува- Владата на СДС планира да ја задолжи државата речиси милијарда евра и една просечна плата помалку, по воведување на повисока акциза на нафтата.

Македонија во новата година ја чекаат нови рекордни задолжувања. Поточно СДС во 2018 година планира да ја задолжи Република Македонија за нови 854 милиони евра, 566 милиони евра на странскиот пазар и 288 милиони евра на домашниот пазар. Но доколку се земе во предвид фактот што СДС за неполни шест месеци успеа да ја задолжи државата за 440 милиони евра очекувано е со своето несовесно раководење со парите на граѓаните е оваа сума од 854 милиони евра да се зголемува и да го надмине планираното ниво, изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес- конференција.