Заеднички во борбата со сајбер криминалот

Сајбер криминалот демне, недостига стручен кадар

13.11.2017 15:21

Новиот закон по европски терк ќе ја подобри безбедноста и ќе ги намали ризиците од сајбер криминалот. Експертите велат- недостига стручен кадар, а владата даде зелено светло Воената академија да отвори постдипломски студии за сајбер безбедност.

Демне опасноста од сајбер криминал. Експерти и претставници од надлежните институции согласни дека нов закон по европски терк ќе донесе поголема безбедност.

Ќе се изготвува стратегија за заедничко дејствување во сајбер безбедноста. Недостига стручен кадар. Владата даде зелено светло, Воената академија да ги отвори вратите за постдипломски студии за сајбер безбедност.

Секојдневно во Македонија имаме просечно од 100 до 200 македонски ај-пи адреси што се извор на закани кон надвор. Застарената технологија не е доволно заштитена.

Надлежните велат дека мора да се обезбедат приватноста на граѓаните и безбедноста на нивните податоци и националната безбедност. Сајбер заканите може да бидат насочени и кон интернет страници и медиуми.

 

Наташа Гркова- Петрушевска