Брисел

Османи и Димитров на средба со Могерини

14.11.2017 09:57

Вицепремиерот ја пренесол намерата на Владата да се посвети на затворање на сите отворени политички прашања, како што е и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија.

Вицепремиерот Османи и министерот за надворешни работи Димитров, во Брисел на средба со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Могерини.

Османи ја посочи успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, во целост да ги одрази барањата на Унијата за реформи во Македонија што би биле спроведени во соодветен рок, стои во дописот од Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот ја пренесол намерата на Владата да се посвети на затворање на сите отворени политички прашања, како што е и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија.

На Могерини ѝ било предочено дека се создадени соодветни услови 2018 година да биде историска за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога се очекува да се постигне напредок што ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО.