Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар- Кичево
14.11.2017 12:49
Триесетина ученици од Демир Хисар се повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар- Кичево. Тешко е повреден и возачот на автобусот. Пренесени се во битолскиот Клинички центар.

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случила изутрината на патот Демир Хисар - Кичево.
Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, тешко повреден е и возачот на автобусот. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.
Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички.
