Евроинтеграции

Хан следната недела во Скопје

14.11.2017 13:19

Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на Твитер.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан наредната недела доаѓа во Македонија. Посетата ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан.

Еврокомесарот како извонредна ја оцени средбата Османи и со Димитров.

Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата, нагласи Хан.

На средбата во Брисел вчера биле отворени сите прашања поврзани со еропската агенда на Република Македонија.