ВМРО-ДПМНЕ: Владата доживува фијаско со странските инвестиции
Заев треба да се извини на ВМРО-ДПМНЕ за сите невистини, напади и неосновани критики за субвенциите кои сега токму тој ги нуди пред словенечките инвеститори, реагираат од опозициската партија.

Очигледно срамот е непозната категорија за Зоран Заев, бидејќи да ја познаваше, пред странските инвеститори немаше да го нуди истото она за што толку многу ја напаѓаше Владата на ВМРО-ДПМНЕ: субвенциите за гринфилд и браунфилд инвестиции.
Оттука, Заев треба да се извини на ВМРО-ДПМНЕ за сите невистини, напади и неосновани критики за субвенциите кои сега токму тој ги нуди пред словенечките инвеститори, реагираат од опозициската партија.
Добра бизнис- клима не се гради со зголемување на даноците, на акцизата за нафта, на персоналниот данок, како и зголемување на данокот на добивка. Нови работни места не се отвораат со непријателски однос кон странските инвестиции како што гради Владата на СДС, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Владата на СДС во делот на странските инвестиции доживува вистинско фијаско, досега резултатот е нула.
