Македонско- австриски деловни средби
15.11.2017 10:34
Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени...

За натамошно унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско- австриски деловни средби.
Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис- средби.
