Зимбабве: Војската ја презеде контролата на државата
Војската на зимбабве ја презема контролата на државата. Главна цел на операцијата се криминалците, тврдат воените претставници. Претседателот Мугабе и првата дама се во домашен притвор. Граѓаните во неизвеснот и страв поради најновите случувања. Соединетите Американски Држави бараат дијалот меѓу партиите.

Пукотници, детонации и тенкови низ улиците во Хараре. Војската на Зимбабве го зазеде и седиштето на државна телевизија. По апсењето на министерот за финансии, беа приведени и претседателот Роберт Мугабе и првата дама. „Операцијата е насочена кон криминалците, претседателот е безбеден“, тврдат воените претставници.
„Претседателот и неговото семејство се безбедни, ја гарантираме нивната сигурност. Целиме исклучиво кон криминалците околу него кои создадоа социјална и економска криза. Кога ќе ја завршиме мисијата, очекуваме да се нормализира ситуацијата“, изјави генерал мајор Сибусисо Мојо.
Граѓаните на Хараре во редици чекаат пред банките за да подигнат ограничени износи на готовина во финансиската криза.
„Задоволни бевме со состојбата, се навикнавме. Најновите случувања може да влијаат врз нашите животи и не сум сигурен што ќе ни донесат. Досега бевме под заштита на владејачката партија.“
„Се надевам само дека ќе имаме мир. Не сакаме да ни се наруши секојдневната рутина. Сакаме да живееме“, велат жителите на главниот град.
Воената интервенција следува откако Мугабе го отпушти потпретседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангава за да ги зголеми шансите првата дама да дојде на власт.
Маја Филдишев
