Северна Кореја: Трамп заслужува смртна казна

15.11.2017 14:17

Трамп минатата недела во јужнокорејскиот парламент изјави дека Северна Кореја има „жестока диктатура“. Тој ја посети Јужна Кореја, во рамки на големата азиска турнеја...

Севернокорејските медиуми соопштија дека претседателот на САД, Доналд Трамп заслужува смртна казна бидејќи го навредил лидерот Ким Џонг-Ун. Покрај тоа, пишуваат дека Трамп поради страв не ја посетил демилитаризираната зона на границата меѓу двете корејски држави.

Трамп минатата недела во јужнокорејскиот парламент изјави дека Северна Кореја има „жестока диктатура“. Тој ја посети Јужна Кореја, во рамки на големата азиска турнеја, при што се обиде да ги обедини регионалните сили за да се спротивстави на нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.