Расте бројот на жртви во поплавите во Грција
15.11.2017 14:25
Поради поплавите затворени се и повеќе училишта...

Најмалку пет лица загинаa во поплавите во градот Мандра во близина на Атина, додека многумина се уште се заглавени во своите домови во Неа Перамос, Мегара и Магула.
Поради поплавите затворени се и повеќе училишта. Властите веруваат дека никој не е во животно загрозувачка опасност, но истакнаа дека во тек се спасувачки акции за извлекување на луѓето залавени во нивните автомобили и домови.
Грција вчера прогласи вонредна состојба на островот Сими кој беше зафатен од бура поради која беше прекината струјата и водата, многу домови беа поплавени, и голем број возила завршија во морето.
