Грција: Тридневна жалост поради жртвите во поплавите
16.11.2017 10:36
Официјална Атина прогласи тридневна национална жалост. Најпогодена е западна Атика каде што загинаа 15 луѓе.

Европската Комисија нуди помош за Грција која се справува со катастрофални поплави. Официјална Атина прогласи тридневна национална жалост. Најпогодена е западна Атика каде што загинаа 15 луѓе.
„Се надеваме дека бројот на загинати нема да се зголемува. Водиме координирана потрага по исчезнати, спасувачки операции, и го расчистуваме теренот. Преземени се сите неопхнодни мерки“, изјави премиерот Алексис Ципрас.
Ципрас најави и финансиска поддршка за домаќинствата и претпријатијата кои претрпеа штета.
