Владата го усвои Предлог-законот за зголемување на акцизата на нафтата
16.11.2017 10:41
Зголемување се предлага од први јануари идната година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година е 1,6 милијарди денари.

Владата го усвои Предлог- законот за акцизите со кој се зголемува висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.
Зголемување се предлага од први јануари идната година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година е 1,6 милијарди денари.
Со мерката, како што стои во соопштението од владината прес- служба, се очекува зголемување на приходите од ДДВ за околу 350 милиони денари.
