ВМРО-ДПМНЕ: Со зголемувањето на акцизата, Владата на СДС на секое семејство му одзема една просечна плата

16.11.2017 10:44

Според опозициската партија, Владата на СДС покажува дека оди со камшик против граѓаните...

Владата на шверцерски начин синоќа објави дека донела одлука со која ја зголемува акцизата за нафта со која на секое семејство ќе му одзема по една просечна плата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, пак, го зголемува буџетот за патни трошоци и дневници, која нема ниту еден развоен проект освен оние кои ги препишува од ВМРО-ДПМНЕ, стои во дописот.

Според партијата, Владата на СДС покажува дека оди со камшик против граѓаните, а со одлуката за зголемена акциза на нафтата им се удира шлаканица на таксистите, превозниците, домаќинствата, земјоделците.