Дождот ги зголеми нивоата на реките и езерата
16.11.2017 11:12
Зголемено е нивото на Вардар кај Велес и Демир Капија, како и на реката Брегалница. Сѐ уште под просекот за овој период од годината се водостоите на Треска, Пчиња и Црна Река.

По врнежите изминатите два дена, водостоите на повеќето реки низ Македонија се зголемени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Зголемено е нивото на Вардар кај Велес и Демир Капија, како и на реката Брегалница. Сѐ уште под просекот за овој период од годината се водостоите на Треска, Пчиња и Црна Река.
Нивото на Дојранското Езеро е речиси три пати повисоко од просекот за ноември, додека на Преспанското и Охридското се во рамки на просекот, покажало хидролошкото мерење.
