Трамп: Историска азиска турнеја

16.11.2017 11:15

„Во секоја земја, нашите домаќини ја пречекуваа американската делегација, вклучувајќи ме и мене, со топлина, гостопримство, и најважно од се, со почит“, изјави претседателот Трамп.

Според американскиот претседател Доналд Трамп, азиската турнеја само го потврдила исклучителниот глобален углед на Соединетите Американски Држави. Деталите од историската посета на Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини, ги соопшти од Белата куќа.

„Во секоја земја, нашите домаќини ја пречекуваа американската делегација, вклучувајќи ме и мене, со топлина, гостопримство, и најважно од се, со почит“, изјави претседателот Трамп.

На турнејата беа донесени важни заклучоци и за американскиот трговски дефицит со другите држави, и за спорната нуклеарна програма на Северна Кореја.