Шпанска криза

Пуџдемон е кандидат на изборите во Каталонија

16.11.2017 11:40

Кампањата ќе ја води од Брисел, каде што заедно со уште четворица бивши министри, се бори против екстрадиција во Шпанија...

Разрешениот претседател на Каталонската влада и лидерот на движењето за отцепување Карлес Пуџдемон е главен кандидат од „Демократска партија на Каталонија“ на регионалните избори за 21-ви декември.

Кампањата ќе ја води од Брисел, каде што заедно со уште четворица бивши министри, се бори против екстрадиција во Шпанија каде ќе им се суди по обвиненја за бунт и агитирање.

Во листата наречена „Заедно за Каталонија“ се вклучени и сепаратисти без политичка позадина.