Предложени измени на Законот за заштита на сведоци
Целта е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за специјалното јавно обвинителство и да се излезе во пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштитата на нивниот идентитет- велат од Владата.

Владата ги усвои предлог- измените на Законот за заштита на сведоците. Целта е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за специјалното јавно обвинителство и да се излезе во пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштитата на нивниот идентитет- велат од Владата.
„Целта на оваа предложена законска измена е да се обзебедат услови за поголема автономија и ефикасност на СЈО, за гонење на кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.
СЈО уште лани во јануари го покрена ова прашање, но сите обиди да биде усвоен ваков закон во Собранието, не успеаа.
