Шекеринска: Повисоки плати и подобри услови за војниците

16.11.2017 13:31

Припадниците на Армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Армиските „Волци“- елитна единица на Македонската армија. Подготвени во секакви услови да одговорат на предизвикот. Пред министерката за одбрана Шекеринска демонстрација на нивната обученост. За идната година во буџетот за одбраната повеќе пари за плати на војниците.

Припадниците на Армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Буџетот за 2018 година влезе во собраниска процедура и тој потврдува дека Владата и јас како министерка за одбрана ќе го реализираме она на што се обврзавме, а тоа е обезбедување средства за зголемување на платите за сите кои се во служба на армијата на Македонија во износ од 10 проценти, истакна Шекеринска и додаде дека за тоа се обезбедени 300 милиони денари.