Путин разговараше со украинските бунтовници

16.11.2017 14:29

Во судирот од 2014 година загинаа над 10 илјади луѓе.

По предлог на украинскиот политичар Виктор Медведчук, рускиот претседател Владимир Путин, разговараше со лидерите на проруските бунтовници во Украина за размена на заробеници со Киев. Во судирот од 2014 година загинаа над 10 илјади луѓе.

„Постои шанса дома да се вратат 380 луѓе. Ова е многу важен чекор кон исполнувањето на догоровот од Минск и финалзиирањето на мировниот процес“, изјави Виктор Медведчук, лидер на „Украински Избор“.

Со мировниот договор од Минск од 2015 година, беа воспоставени неколку примирја, но политичкиот договор никогаш не е спроведен.