ООН

Русија ја блокира предлог- резолуцијата за Сирија

17.11.2017 10:29

Претходно, Москва го повлече својот нацрт-документ кој требаше да биде разгледан заедно со американскиот.

Русија ја блокира предлог-резолуцијата на САД во Советот за безбедност на Обединетите нации за продолжување на Мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје во Сирија.

Претходно, Москва го повлече својот нацрт-документ кој требаше да биде разгледан заедно со американскиот.

Ова е десето руско вето за гласање во СБ на ОН за прашање за Сирија.