САД

Конресот одобри поголем буџет за одбрана

17.11.2017 12:24

По Претставничкиот дом, и Сенатот едногласно го донесе законот, а за да влезе во сила, се чека потписот на Трамп.

Американскиот Конгрес одобри 700 милијарди долари за одбрана во идната фискална година, што е повеќе од бараната сума на претседателот Доналд Трамп.

По Претставничкиот дом, и Сенатот едногласно го донесе законот, а за да влезе во сила, се чека потписот на Трамп.

Зголемувањето на буџетот за одбраната, пред сѐ, се должи на заканата од севернокоресјката ракетна програма.

Ќе се обнови опремата, ќе се зголеми платата на војската, а помош ќе добијат и Украина и Израел.