Згрижување на децата без родители во семејства наместо во институции
УНИЦЕФ со порака од македонските пратеници- да се стави крај на згрижувањето деца под тригодишна возраст во домови, за тие да можат да се развиваат нормално, и психички и физички. Целта е да се разработат алтернативните форми на згрижување.

Семејството е извор на сигурност, љубов, идентитет и припаѓање, но ова не го добиваат децата кои се сместени во институции. УНИЦЕФ со порака од македонските пратеници- да се стави крај на згрижувањето деца под тригодишна возраст во домови, за тие да можат да се развиваат нормално, и психички и физички. Целта е да се разработат алтернативните форми на згрижување.
„Потребна е соработка со здравствениот систем и социјалните служби за да се спречи или барем да се намали откажувањето на родителите од своите деца, да се развијат други алтернативни форми на згрижување како што се згрижувачките или роднинските семејства, но и да се интензивира чинот на посвојување. Во Македонија, има 72 деца кои чекаат да бидат посвоени, а 200 заинтересирани родители да постојат дете“, изјави претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.
„Ниедна институција не може да ја надомести загубата на нормално семејство затоа што престојот во нив е долг, а со тоа и можностите тие да претрпат штети во својот развој е поголем. Мал е бројот на негуватели кои се грижат за овие деца и тие најчесто се посветуваат на нивните физички потреби, а многу ретко можат да ги задоволат емоционалните“, изјави Кевин Браун, професор на Медицинскиот факултет на универзитетот во Нотингем.
Според претседателот на Собранието, Џафери некаде сѐ уште има застој во процесот на деинституционализација и потребно е многу работа и ангажман на сите чинители почнувајќи од Владата, Министерствата, Собранието, невладиниот сектор и целата заедница.
Ана Јосифоска- Тодоровска
