За заменици на генералниот секретар на Собранието ќе се гласа на 24-ти ноември
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека коалицијата на власт предлага вкупно 5-мина заменици на Генералниот секретар, но и исто толку потпретседатели за да ги задоволат меѓупартиските интереси и мир во, како што рекоа, кревката коалиција. Од СДСМ одговорија дека опозицијата е лицемерна, бидејќи имаат 10 пратенички групи, а и тоа чинело пари, бидејќи дискусиите се одолговлекувале.

Сосем непотребно е во Собранието да има 5-мина заменици на Генералниот секретар, смета опозицијата. Велат дека тоа значи непродуктивно трошење на парите од даночните обврзници за да ги задоволат меѓупартиските потреби, во како што рекоа, кревката владина коалиција. Парите за вишокот заменици како генерални секретар, но и потпретседатели на Собранието, велат, може да се искористат за водоводи, болнички кревети или поправка на патна инфраструктура.
Тоа што го говорите е лицемерие, возвратија Социјал демократите. Ја окарактеризираа опозицијата како деструктивна бидејќи има 10 пратенички гупи кои ја одолговлекуваат работата во Парламентот.
Предлозите за нови генерални секретари на Собранието ќе се гласаат на 24-ти ноември бидејќи во салата не беа присутни поголемиот дел од пратениците.
Миле Ристески
