Кривичен суд

Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“

20.11.2017 10:11

Судењето е одложено за да се сочека одлуката на Апелацискиот суд на 27-ми ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во постапката.

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 25-ти декември.

Судењето е одложено за да се сочека одлуката на Апелацискиот суд на 27-ми ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во постапката.

Премиерот Зоран Заев во придружба на своите адвокати денеска се појави на закажаното рочиште.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.