Бродот „Мис Стон“денеска ќе биде изваден од Охридското Езеро

20.11.2017 11:45

Од бродот „Мис Стон“ кој децении наназад е закотвен во каналот кај Студенчишта, истече нафта, предизвикувајќи загадување на тој исклучително важен, од биолошки аспект, дел на еко-системот на Охридското Езеро.

Бродот „Мис Стон“ од кој се излеа одредено количество нафта во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро, денеска ќе биде изваден од водата. Од Општина Охрид соопштија дека согласно законската регулатива инспекторатот ќе ги превземе сите законски мерки и дека веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.

Од бродот „Мис Стон“ кој децении наназад е закотвен во каналот кај Студенчишта, истече нафта, предизвикувајќи загадување на тој исклучително важен, од биолошки аспект, дел на еко-системот на Охридското Езеро.

Наделжните институции најавија дислоцирање на старите и дотраени пловни објекти што претставуваат закана по еко-системот на Охридското Езеро.