Премиерот Заев во официјална посета на Србија

20.11.2017 12:43

Ова е прва посета на македонски државник на Србија по дипломатскиот скандал меѓу двете земји, кога Србија ги повлече амбасадорот и персоналот од Скопје...

Македонскиот премиер Заев вечер ја почнува официјалната посета на Србија. Утре во Белград ќе има разговори со српската премиерка Брнабиќ, а ќе биде примен и од претседателот Вучиќ.

Ова е прва посета на македонски државник на Србија по дипломатскиот скандал меѓу двете земји, кога Србија ги повлече амбасадорот и персоналот од Скопје. Српскиот државен врв излезе со изјави дека врз земјата, од Македонија се вршеле разузнавачки активности. Недоразбирањата беа надминати во интерес на, како што соопштија двете влади, добрососедските односи.

Посетата на Белград премиерот заев ќе ја заврши со средба со македонската заедница во Србија. Ќе им предаде донација на соодветна литература по македонски јазик, лектири и помошни наставни средства за јакнење на процесот на изучување на предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.