Иванов- Мета: Земјите од регионот имаат заедничка цел
Земјите од регионот треба да соработуваат, бидејќи имаат заедничка цел- евроатлантско интегрирање, изјави македонскиот претседател Иванов. Според претседателот на Албанија, Мета, двете земји можат да бидат пример, како се соработува...

Земјите од регионот треба да соработуваат, бидејќи имаат заедничка цел- евроатлантско интегрирање, изјави македонскиот претседател Иванов. Според претседателот на Албанија, Мета, двете земји можат да бидат пример, како се соработува. Додаде дека Македонија заслужува да биде дел од НАТО.
Македонија како членка на НАТО, не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион, бидејќи тоа претставува фактор за безбедност во овие турбуленти времиња, рече Мета на заедничката прес-конференција со Иванов.
Македонскиот претседател посочи дека Албанија и Македонија заедно почнале на патот кон НАТО, но откако Албанија стана членка, Македонија сега очекува нејзина поддршка во тој процес.
Македонија очекува Албанија да ја повлече да биде членка на НАТО, да и помогне да добие покана за членство, а во однос на ЕУ се што досега Македонија има направено и сето нејзино искуство и стои на располагање на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ, додаде Иванов.
