Недела за грижа на стари лица

20.11.2017 13:22

Црвениот крст ја одбележува Неделата за грижа на стари лица. Очекуваат до крајот на наредната година 250 корисници да ги користат услугите од Црвениот крст во домашни услови.

Во Скопје и во 29 општински организации ќе се работи на подигнување на свеста- што значи да се биде лице во трета доба. Црвениот крст ја одбележува Неделата за грижа на стари лица. Очекуваат до крајот на наредната година 250 корисници да ги користат услугите од Црвениот крст во домашни услови.

„Во регионот имаме добри пракси, но и во Скопје ја имаме истата добра пракса каде активно се старее преку овие дневни центри и лицата во трета доба се вклучени во општествените активности. Ќе одиме кон развој на оваа програма во 2018 година и ќе ги поддржиме старите лица да се што поактивни и вклучени“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Пауновска, рече дека со активностите ќе се обидат да ја подигнат свеста за тоа што значи да се биде лице во трета доба и да се искористи целокупната животна и професионална енергија што ја поседуваат тие лица.

Неделата под мотото „Сите сме нивни деца“ се спроведува традиционално секоја  трета недела во ноември.