Метео: Сончево со мала облачност, утринските температури под нулата

20.11.2017 14:23

Утрото ќе биде студено со минимална температура на повеќе места под нулата, а во текот на денот се очекуваат малку повисоки температури од денешните.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утрото ќе биде студено со минимална температура на повеќе места под нулата, а во текот на денот се очекуваат малку повисоки температури од денешните.

Периодот на сончево време ќе продолжи и во наредните денови со постепен пораст на дневните температури.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска