ВМРО-ДПМНЕ: СДС креира две паралелни општества со Законот за употреба на јазиците
Законот за двојазичност не носи раст и развој за државата, законот за двојазичност носи нови поделби во македонското општество- велат од опозициската партија...

Законот за употреба на јазиците е надвор од рамките на Уставот и е спротивен на реалните потреби на граѓаните во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со него, според партијата, СДС креира две паралелни општества и на долг рок го загрозува нејзиниот унитарен карактер.
Овој закон не носи реален бенефит за никого. Наместо да ги доближи македонците и албанците, овој закон ќе креира уште поголем јаз. Со овој закон дополнително се намалува потребата албанците да го учат македонскиот јазик кој досега беше врзивно ткиво за сите етнички заедници. Со овој закон СДС креира две паралелни општества во Република Македонија и на долг рок сериозно го загорзува нејзиниот сегашен карактер, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Законот за двојазичност не носи раст и развој за државата, законот за двојазичност носи нови поделби во македонското општество. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој неуставен закон- велат од опозициската партија.
