МПЦ-ОА

Владиката Агатангел со спротивен став за писмото до БПЦ

21.11.2017 15:50

Сé уште не можам да разберам зошто ние без ниту една причина ја прифативме улогата на поразена страна, наведува митрополитот во дописот...

Барањето до Бугарската православна црква за признавање на афтокефалноста на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, е само додадена страна од неодамнешниот Договор за добрососедство со Бугарија, смета Митрополитот Повардарски, Агатангел.

Според него, тој наликува на повоен договор меѓу победник и поразен. Сé уште не можам да разберам зошто ние без ниту една причина ја прифативме улогата на поразена страна, наведува митрополитот во дописот. Ако можеле нашите црковни патријарси, во услови на отворена општествена негација да соберат сила и храброст за да прогласат афтокефалност на МПЦ како закрилничка на македонскиот народ, зарем ние сега отворено ќе ја погазиме одлуката, негирајќи го периодот во кој создадовме многу подобро организирана црква од нашите соседски цркви, кои претендираат да породуваат нешто што постои две илјади години, наведува митрополитот Агатангел.