Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица
Се очекува да бидат потпишани документи за билатерална соработка во областа на надворешната политика, инвестициите, енергетиката, одбраната, туризмот, телекомуникациите, инфраструктурата и за реакции при природни катастрофи...

Во Струмица денеска треба да се потпишат десетина договори на првата заедничка седница меѓу Владите на Македонија и Бугарија.
Меѓу договорите се документите за билатерална соработка во областите на одбраната, надворешната политика, енергетиката, туризмот, телекомуникациите, инфраструктура и за реакции при природни катастрофи.
Во Домот на армијата во Струмица, по ова следува прес-конференцијата на премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев.
Претходно тие ќе оддадат почит пред споменикот на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.
Во декември во Поградец, Албанија е договорена заедничка средба на македонската со албанската Влада.