Младиќ: Ова беше само прво полувреме
23.11.2017 10:28
На својот син со кого имал кратка средба по изрекувањето на пресудата, му кажал дека ова било само првото полувреме.

По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави дека до крајот на животот ќе се бори за откривање на вистината за борбата на Србите.
На својот син со кого имал кратка средба по изрекувањето на пресудата, му кажал дека ова било само првото полувреме.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал го прогласи за виновен поранешниот командант на војската на Република Српска за извршени воени злосторства во БиХ во периодот од 1992 до 1995 година и му одреди доживотна затворска казна.