Претседателот на Собранието Џафери во прва официјална посета на Шведска
Во рамки на посетата, предвидено е да има средби со неговиот шведски колега, претседателот на Риксдагот, Урбан Алин, со министерката за надворешни работи Маргот Валстром, со министерот за миграција и заменик-министер за правда Хелен Притзон, а ќе има и аудиенција кај Кралот на Шведска, Карл XVI Густаф.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Шведска.
Во рамки на посетата, предвидено е да има средби со неговиот шведски колега, претседателот на Риксдагот, Урбан Алин, со министерката за надворешни работи Маргот Валстром, со министерот за миграција и заменик-министер за правда Хелен Притзон, а ќе има и аудиенција кај Кралот на Шведска, Карл XVI Густаф.
Џафери за време на својот престој во Шведска ќе се сретне и со градоначалничката на Стокхолм Луиз Ерландсон Слорах, ќе има и средби со службеници и истражувачи од Школата за економија на Стокхолм, а ќе ги посети и Музејот Васа и Музејот Нобел.
Кралството Шведска е уставна монархија. Од 1973 шеф на државата е кралот Карл XVI Густаф. Еднодомниот парламент Риксдаг брои 349 пратеници кои се бираат преку пропорционален модел за мандат од четири години. Премиер на Шведска од 2014 година е Стефан Лофвен од Социјалдемократската партија.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Шведска се воспоставени во 1993 година. Од 2002 година Кралството Шведска во билатералната комуникација го користи уставното име додека на меѓународни собири ја користи референцата.
