БПЦ го разгледува писмото од МПЦ-ОА

27.11.2017 10:17

Патријархот Неофит, пред почетокот на седницата, рече дека треба да се прифати подадената рака од Македонија.

Синодот на Бугарската црква денеска го разгледува прашањето за Македонската православна црква- Охридска Архиепископија. Не се очекува скорешна одлука на 14-те бугарски владици.

Последна вест е дека Патријархот Неофит и другите митрополити на Бугарската православна црква го почнаа заседанието на синодот на кој се разгледува писмото од МПЦ-ОА, испратено на 9-ти ноември. Патријархот Неофит, пред почетокот на седницата, рече дека треба да се прифати подадената рака од Македонија.

Изутрината пак, повеќе граѓани во Софија се собраа на тивко бдеење пред Синодот на Бугарската православна црква. Велат дека сакаат да дадат поддршка за барањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.