Ново рочиште за случајот „Труст“
Станува збор за обвинението на СЈО против три правни лица и нивните челници кои, како што тврди Обвинителството, ја злоупотребиле постапката за јавен повик за ископ на јаловина во РЕК Битола со што добиле тендер вреден над милијарда денари.

Ново судско рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот „Труст“. Станува збор за обвинението на СЈО против три правни лица и нивните челници кои, како што тврди Обвинителството, ја злоупотребиле постапката за јавен повик за ископ на јаловина во РЕК Битола со што добиле тендер вреден над милијарда денари.
На претходното рочиште. Специјалното јавно обвинителство настапи со повеќе од 1.500 докази, меѓу нив и прислушувани разговори кои досега не се објавени во јавноста. Тие биле водени меѓу поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и екс- директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски. А третиот, меѓу поранешниот премиер Груевски и Чинговски.
