Вашингтон

Димитров на средби со Вес Мичел и Хојт Ји

28.11.2017 10:56

Димитров, според агендата, ќе има средба со помошник- државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, Вес Мичел. Тој ќе се сретне и со заменик- помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.

Билатералната соработка со САД, актуелните состојби во Република Македонија, како и во регионот ќе бидат теми на денешните средби на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високи претставници на американските власти.

Димитров, според агендата, ќе има средба со помошник- државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт Департментот, Вес Мичел. Тој ќе се сретне и со заменик- помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.

Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора вчера имаа едночасовна средба со министерот Димитров. На средбата, како што се наведува во соопштението од ОМД, биле разменети ставови и мислења за моменталната ситуација во земјава, како и поважни прашања за националните стратешки интереси на Македонија, спорот со Грција, македонските малцинства во соседните држави, евроатлантските интеграции, реафирмирањето на идејата за воведување електронско гласање на дијаспората.