Собрание
Одложена расправата за Предлог- буџетот за 2018-та
28.11.2017 12:30
Собраниската расправа за Предлог- буџетот за 2018-та година почна вчера во матичната Kомисија за финансирање и буџет...

Седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се расправа за Предлог- буџетот за 2018-та година, е одложена, изјави претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска.
Таа не прецизираше кои се причините за нејзиното одложување, ниту пак кога ќе биде закажано продолжението на седницата.
Собраниската расправа за Предлог- буџетот за 2018-та година почна вчера во матичната Kомисија за финансирање и буџет. Според деловникот за работа, расправата треба да трае десет работни дена.
