„Политика“: Одлуката на БПЦ ги „возбуди“ црковните кругови во Белград
28.11.2017 12:46
Светиот архиерејски синод на СПЦ вчера имал редовна седница, на која на маргините се расправало и за настаните во Бугарија.

Белградскиот дневен весник „Политика“ во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква да прифати да ја застапува Македонска православна црква пред останатите цркви, заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди“ црковните кругови во Белград.
Пишувајќи опширно за следот на настаните на релација меѓу МПЦ и БПЦ и одлуката на Синодот на БПЦ, весникот повикувајќи се на извори од „врвот на Српската православна црква“, пишува дека Светиот архиерејски синод на СПЦ вчера имал редовна седница, на која на маргините се расправало и за настаните во Бугарија.