Хан: Во ЕУ има сѐ поголема волја за прием на Западен Балкан
28.11.2017 12:50
„Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето, отколку пред една година“, истакна Хан за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.

Во Европската унија постои сѐ повеќе волја да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан со што би се гарантирал мирот во регионот, изјави денеска во Виена, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
„Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето, отколку пред една година“, истакна Хан за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.
Тој нагласил дека „земјите- членки сфатија дека мирот може да се осигура на Балканот, а перспективата за членство во ЕУ е клучна за тоа“.
