Приведени 36 лица за собраниските настани од 27-ми април

28.11.2017 13:04

Порснешниот министер Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде што дава исказ пред судија на претходна постапка. Од Судот информираат дека и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка...

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица изутрината се приведени по налог на Јавното обвинителство. Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде што дава исказ пред судија на претходна постапка.

Од Судот информираат дека и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка, кој постапува по писмен поднесок од ОЈО за настаните во Собранието од 27-ми април. Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои и пратеници, актери, поранешни директори во државни институции.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека по преземањето на сите дејствија за утврдување на фактите за настаните што се случија на 27-ми април во Собранието, ја завршило предистражната постапка.

По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, ова обвинителство дало наредба за спроведување на истражна постапка против вкупно 36 лица, поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик- се вели во соопштението на Оосновното јавно обвинителството за гонење органиизиран криминал и корупција.