Метео: Студено време, температурата ќе падне на -10
28.11.2017 14:16
Минималната температура на места ќе падне на -10, максималната дневна во Скопје ќе достигне до 7, а во Гевгелија до 10 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и студено време со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура на места ќе падне на -10, максималната дневна во Скопје ќе достигне до 7, а во Гевгелија до 10 степени.
Во ноќните часови кон четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса која што во наредните денови ќе донесе обилни врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
