Членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Кривичниот суд
Пред скопска единица протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Учесниците побараа судот да ги ослободи уапсените. Во првите редови, партискиот лидер Никола Груевски...
Членови и приврзаници на ВМРО- ДПМНЕ протестираат пред Основниот суд како реакција на апсењето на 36 лица за случувањата на 27-ми април во Собранието. На присутните им се придружи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со повеќемина пратеници и раковиодството на партија.
Велат дека ќе останат пред судот, сѐ додека не се ослободат лицата кои се под обвиненија. Според нив народот бил предизвикан да влезе во Собранието за да го спречи нелегалниот избор на претседател на Собранието и да си ја одбрани државата.
Демонстрантите сметаат дека актуелната власт е нелигитимна и дека приведените за насилствата во Собранието се приведени противуставно.
Меѓу приведените се и Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, пратеникот Крсто Мукоски, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов- Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид.
Протестот пред судот ќе трае сѐ додека не запре државниот терор против оние кои беа на браникот на татковината.
Игор Панов